Saturday, January 17, 2015

Примери на добра пракса

ПРОЕКТ ,,ВРЕМЕНСКА МАШИНА,, (ПРОЕКТЕН ПЛАН) - Запознавање со живот и дело на В.А.Моцарт - Филм ,,Амадеус,, (коментари за филмот, колку е реален или само замисла на сценаристот; костими, кастинг на актери, архитектура) Поделба во групи 1 група: Анализа на детството, дискусија, заклучоци 2 група: Информации за Моцарт ефект 3 група: Животен стил на Моцарт (измени) 4.група: Список на дела 5 група: Хипер врски 6 група: Фотографии во photoshop 7 група: Презентација Есејско прашање (Што би било кога моцарт би живеел 70 години?) Рубрика за оценување: - Учениците кои ја следат презентацијата имаат за задача да ги оценат учесниците во неколку категории и тоа: застапеност на информации и факти, техничка обработка, работа со компјутери, естетско уредување, усна презентација. Се оценува со поени од 1 до 5. - Наставникот во текот на работата користи повратна информација. Ги насочува учениците во нивната работа, им дава ресурси (интернет страни, енциклопедии, друга стручна литература). Ги охрабрува учениците, бара слични трудови, каде учениците би ја споредиле својата работа. За цело време им сугерира на учениците да слушаат музика од Моцарт за да можат полесно да ги сработат своите задачи. Наставникот, всушност ја има улогата на насочувач во активностите, консултант, соработник, ментор. Токму затоа наставникот ги применуваше методите на формативно оценување се додека не се добиеше максимумот од учениците, а со тоа и највисоки оцени при сумативно оценување. Дефинирање на стандарди: Учениците ги совладуваат основните знаења кои се предвидени со наставната содржина, но бидејќи се работи за група на ученици кои се со солидни знаења, преку овој проект тие се прошируваат. Самиот пристап е интересен, со што се зголемува мотивацијата и заинтересираноста, па така знаењата на учениците се на сите нивоа на Блумова таксономија. Индикатори за технолошка писменост. Учениците ги применуваат сите знаења кои ги стекнале во текот на образовниот процес, но и ги усовршуваат, притоа користејќи креативност, брзина и практичностпри изработката, естетика.

No comments:

Post a Comment