Saturday, January 17, 2015

ФОРМАТИВНОТО НАСПРОТИ СУМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС ПО ПРЕДМЕТОТ МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРЕДМЕТНА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА
Павлинка Вељаноска (МАКЕДОНИЈА, ООУ ,,Гоце Делчев,, - Неготино)
Резиме
Основната цел на овој труд беше да се направи истражување преку кое ќе се утврдат можностите, насоките и постапките при интегрирање на формативното оценување во предметна настава по предметот музичко образование и да се согледаат првичните искуства, односно, влијанието на формативното оценување врз успехот на учениците.
Истражувачката постапка се состоеше од тестирање на учениците на крајот од прво тромесечие (сумативно оценување); диференцијација на групи - група во која ќе се спроведува формативно и сумативно оценување и група во која ќе се спроведува само сумативно оценување; интегрирање на формативното оценување во наставата кај групата со формативно и сумативно оценување;тестирање на крајот од второ тромесечие за да се утврдат разликите, односно да се утврди влијанието на формативното врз сумативното оценување.
Нашето истражување покажа дека формативното влијае врз сумативното оценување, односно го подобрува успехот на учениците.
Клучни зборови: оценување; формативно оценување; сумативно оценување; предметна настава; седмо одделение; музичко образование; наставна програма;наставна цел; повратна информација; портфолио; проект; самооценување; меѓусебно оценување; есејско прашање; изведбени активности; прво тромесечие; второ тромесечие; тест; досие.

1       ФОРМАТИВНОТО И СУМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ КАКО КОМПОНЕНТИ НА НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Оценувањето е битен сегмент од наставниот процес кој има повеќенаменска функција. Иако првично неговата функција е дека ги мотивира учениците за поголеми достигнувања, сепак оценувањето е показател за многу други сегменти во наставниот процес како што се, работата на наставниот кадар, успешност при целосна реализација на наставната програма, специфичност на одредени предмети, посебно во сегментот оценување и сл. Токму затоа треба да се обрне посебно внимание, самиот процес на оценување да биде добро планиран, комплементарен а со тоа ќе ги поттикнува и мотивира учениците и ќе им овозможи да ги прикажат своите највисоки способности.
Следејќи ги современите текови во педагошката практика во светот, но од друга страна немањето на корелација помеѓу успехот на учениците и квантумот на знаења, во нашата земја се случуваат повеќе активности за подобрување на оценувањето, а со тоа и на наставниот процес. Водечка улога во тие активности има ПЕП проектот, односно компонентата ,,Подобрување на оценувањето на учениците во основните училишта во Македонија,,. Како приоритет во обуките беше издвоена обуката за формативно оценување, затоа што се смета дека е токму тоа е ефикасен начин за подобрување на успехот на учениците. На претходната практика на оценување на учениците која беше во најголем случај, сумативно оценување, се надополнува формативното оценување, па двата вида на оценување го прават процесот комплементарен. Тие се надополнуваат еден на друг, а заедно им обезбедуваат на наставниците податоци за напредокот и постигањата на учениците. Ваквите информации им овозможуваат на наставниците да донесуваат одлуки за поефективно прилагодување на наставата кон образовните потреби на учениците, но и креирање на најпогодна средина на поддршка во која учениците се помотивирани да учат.

1.1      Дидактички концепти на формативното и сумативното оценувањето   

За да биде оценувањето успешно, во големо внимание треба да се обрне при неговото планирање. Најпрво тоа треба да е во служба на целите предвидени со наставната програма, односно да води кон очекуваните исходи. Од друга страна тоа треба да е разновидно, односно да содржи разновидни методи на оценување, кои ќе се надоврзуваат едни на други, а со тоа и формативната и сумативната улога на оценувањето. Во голема мера треба да се обрне внимание и на когнитивните способноси на учениците, односно да се овозможи оценување за сите нивоа на Блумова таксономија. Токму затоа, при изборот на методи за оценување, ги класифициравме во две групи и тоа: методи на формативно оценување, кои треба да бидат неизоставен дел од наставната практика, и методи на учење кои се наменети претежно за учениците со подобар успех. И во двата случаи не може да се направи строго разграничување, затоа што овие два вида на методи за оценување се интегрираат меѓусебно и на тој начин оценувањето го прават  ефикасно и квалитетно.

1.1.1      Методи на формативното оценување

Методи на формативното оценување кои треба да бидат секојдневна практика на секој наставен час се: споделување на целите на учењето, користење на ефективни техники на поставување на прашања, повратна информација, самооценување и заемно оценување. Овие методи им даваат насоки на учениците во процесот на поучување и учење и го прават учењето многу поедноставно, а со тоа влијаат и на сумативното оценување, односно го подобруваат успехот на учениците. Но мора да се напомене дека во голема мера им помага на учениците со послаб успех, додека на учениците со подобар успех и се потребни дополнителни активности за да ги развиваат своите мисловни активности и да ги прошируваат своите знаења.

1.1.2      Методи на учење и нивната оценувачка функција

Методите на учење се наменети претежно за учениците кои се заинтересирани да ги прошират своите знаења. Во оваа група на методи спаѓаат: усни презентации, есејски прашања, проект, портфолио,изведбени актвности, задачи и тестови изготвени од наставникот и др. Искуството покажува дека овие методи најмногу се користат во праксата, иако постојат и други кои се помалку или повеќе слични на нив. Методи може да креира и наставникот, доколку неговата практика покажала дека тие можат да обезбедат информации за оценувањето на учениците. Методите на формативното оценување се интегрирани во овие методи. Понатамошната интерпретација на информациите ќе ја нагласи и функцијата на методите за учење, односно дали тие ќе имаат формативна или сумативна функција. Во секој случај придонесуваат за проширување на знаењата и мисловни активности во сите нивоа на Блумова таксономија.

1.1.3      Можности за интегрирање на формативното оценување во наставната програма по предметот музичко образование

Пред да се пристапи кон практична реализација на одреден новитет во наставата, неопходно е да се проучи теориската база на проблемот. За интегрирање на формативното оценување во наставата по музичко образование, неопходно беше да се проучат современите тенднции во оценувањето, да се стекне увид за состојбите во нашата земја, да се обмислат методи и техники на учење и оценување кои би одговарале на специфичните содржини и барања на наставата по музичко образование, за да се разграничат спецификите и задачите на формативното и сумативното оценување и да се осознае нивната комплементарност.
При деталната анализа на наставната програма, во согласност со целите на предметот, го интегриравме формативното оценување во предметот музичко образование. При реализација на планираните содржини се донесе заклучок дека методите на формативно оценување можат да се интегрираат во сите наставни содржини, додека методите за учење можат да се вметнат во поголем број од истите. Постојат само неколку наставни содржини, кои немаат можност за интеграција на сите методи на учење, заради нивната специфичност (Детско творење, ДМИ, Пеење). Тука треба да се наведи дека покрај можностите постојат и потешкотии, во делот на евиденција, заради фондот на часови (еден неделно). Еден наставник има околу 400 ученици, па треба да се бара ефикасен начин за интерпретација на информациите од формативно кон сумативно оценување.

2       ПЛАНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ФОРМАТИВНОТО И СУМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС

Откако ги разгледавме теориските основи за оценувањето, одлучивме да ги примениме во наставата по музичко образование, а притоа да направиме истражување за влијанието на формативното оценување врз постигањата на учениците, а со тоа и на сумативното оценување.

2.1      Истражувачка постапка

Со истражувањето ги опфативме учениците од седмо одделение од ООУ,,Гоце Делчев,,-Неготино, вкупно 117. Временската рамка беше прво полугодие на учебната 2008/2009. Хипотеза на нашето истражување беше дека формативното оценување позитивно влијае  врз сумативното оценување.
Откако се реализираа предвидените содржини за прво полугодие, преку тест и белешки на наставникот, учениците беа оценети сумативно. Го анализиравме успехот и ги диференциравме групите – целна група во која ке се изведува формативно и сумативно оценување (ГФ) и контролна група во која ќе се изведува само сумативно оценување (ГС). Истражувањето планиравме да го спроведиме во две насоки, споредба на успех на прво и второ тромесечие и споредба на успех помеѓу целна и контролна група во второ тромесечие.
Ги разгледавме можностите за интегрирање на формативното оценување во наставната програма по предметот музичко образование и заедно со учениците од ГФ изготвивме критериуми за оценување прикажаниво следната табела:

Табела бр.1 КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ –ГФ

ОЦЕНА
ЗАДАЧИ
2
тест 40-50%; активност
3
тест 60-80%; активност;портфолио
4
тест 80-90%; активност;портфолио; проект
5
тест 90-100%; активност;портфолио; проект, есејско прашање






Преку предвидените активности на учениците им се даде можност, покрај што ќе ги усвојат основните знаења, да ги прошират, односно знаења од сите нивоа на Блумова таксономија. Наставникот, преку стратегии на бодирање ги бележеше резултатите и ги коментира заедно со учениците. Учениците за сите изработки се консултираа со наставникот и добиваа писмена и усна повратна информација, но добиваа и техничка поддршка и потребна литература.

2.2 Анализа на резултати
 Последната фаза од нашето истражување беше анализа на резултатите добини во текот на истражувањето. Откога го спроведовме процесот на оценување во ГФ и ГС во седмо одделение сакавме да ги видиме резултатите од нашата работа. Постигнатиот успех во ГФ и ГС во прво и второ тромесечие е прикажан во следната табела:
                                                                                           


            Табела бр.2 СРЕДЕН УСПЕХ НА ГФ И ГС ВО ПРВО И ВТОРО ТРОМЕСЕЧИЕ
Paralelka
prvo tromese~ie
vtoro tromese~ie
A
2.68
2.86
B
4.2
3.54
V
2.56
3.00
G
2.91
3.08
D
3.8
3.6
                                                                              
           
Може да се забележи дека во сите ГФ има подобрување на успехот додека кај ГС намалување на средниот успех. Тоа е прикажано и во следниот графикон:






Графикон бр.1 СРЕДЕН УСПЕХ МА ГФ И ГС ВО ПРВО И ВТОРО ТРОМЕСЕЧИЕ
Во следната табела е прикажана разликата помеѓу ГФ и ГС во прво и второ тромесечие:

Табела бр.3 РАЗЛИКА ВО УСПЕХОТ МЕЃУ ПРВО И ВТОРО ТРОМЕСЕЧИЕ

prvo tr.
vtoro tr.
разлика
GF
2.71
2.98
+0.27
GS
4.00
3.57
- 0.43
рazlika
+ 1.29
+ 0.59






Може да се види дека разликата во успехот е намалена, кај ГФ се движи во нагорна, додека кај ГС успехот се движи во надолна линија.
Во следните два графикони е прикажан соодносот на оцени во ГФ и ГС:

Графикон бр. 2 и 3 СООДНОС НА ОЦЕНИ ВО ПРВО И ВТОРО ТРОМЕСЕЧИЕ КАЈ ГФ И ГС
Може да се забележи дека постои намалување на бројот на единици кај ГФ и кај ГС, но кај ГФ е многу позабележително. Исто така и бројот на петки е намален но поголео опаѓање се забележува кај ГС.


ЗАКЛУЧОЦИ
По анализа на резултатитe кои ги добивме откако го интегриравме формативното оценување во наставната програма по предметот музичко образование, и споредувајќи ги со резултатите на учениците од ГС дојдовме до следните заклучоци:
-       со примена на методите на формативно оценување се постигнува значително подобрување каj учениците со послаб успех. Тие многу подобро ги совладуваат содржините, посебно од прво и второ ниво на Блумова таксономија.
-       со примена на соодветни методи на учење, заедно со методите на формативно оценување, учениците со подобар успех, освен што ги совладуваат основните знаења, уште и ги прошируваат, и го зголемуваат интересот за барање и употреба на нови информации, со што се опфаќаат сите нивоа на Блумова таксономија.
-       Со интегрирање на методите на формативно оценување и методите на учење во наставата по предметот музичко образование во седмо одделение, добивме интерактивни часови на кои имаше зголемен интерес и активност од страна на учениците, а на крајот и подобри резултати во сумативното оценување.
Со тоа можеме да заклучиме дека се потврдува нашата хипотеза дека формативното оценување позитивно влијае врз сумативното оценување.




1 comment:

  1. Дали барате позитивен заемодавател за заем за да го ослободите вашиот финансиски проблем, тогаш би сакале понуда за заем за педро, Педро ми понуди заем со стапка од 3% рентабилност и целиот процес помина без проблеми како што очекував, можете да му испратите е-пошта ако ви треба вид на заеми Е-пошта: pedroloanss@gmail.com Или Whatsapp: +18632310632

    ReplyDelete