Saturday, January 17, 2015

Примери на добра пракса

училиште Гоце Делчев -Неготино одделение шесто наставник м-р Павлинка Вељаноска наставна тема Музичка писменост наст.содржина Утврдување на поими од музичка писменост наставни методи монолошки, дијалошки, дмонстративен наставни средства компјутери, учебник Тек на активностите Вовед: Преку дискусија се утврдуваат изучените поими, преку бура на идеи се запичуваат на табла Главен дел: Се даваат инструкции за работа со комјутери во Writer . Учениците се делат во две групи. Учениците од првата група имаат за задача да изработат табела- крстозбор со изучените поими од музичка писменост. Под табелата треба да се вметнат објаснувања. Изготвениот крстозбор го прават уште еднаш само со празни полиња за да можат да си ги сменат местата, односно учениците од втората група да ги решат. Втората група работи во програмата за цртање. Тие имаат за задача да изготват ребуси со музички поими. Треба да вметнат креативност при изработката и познавање на музички поими. Првата група ги решава ребусите. Завршен дел: Учениците си ги менуваат местата и ги решаваат задачите. Во исто време треба да ги оценат изработките Оценување Оценувањето се врши на два начини, оценување од наставникот преку аналитичка листа и меѓусебно оценување преку истата листа . Во листата се вметнати следните критериуми: - техничка изработка (уредување на табелата, прецизност во претставување на цртежите) - уметничка изработка (вметнување бои, идеја) - дефинирање на поимите (јасност, познавање на материјалот, употреба на разновидност во поимите) - познавање на компјутери - брзина и умешност во работата Секој критериум се бодира со поени од 1 до 5. Се избира најдобра изработка Саморефлексија Учениците беа многу заинтересирани. Работеа со големо интересирање. Посебно обрнуваа внимание на дефинирање на поимите. При решавањето на крстозборот, односно при промена на местата, ги утврдуваа стекнатите знаења. Посебно беа заинтересирани во делот на меѓусебно оценување. Беа реални при оценување на изработките. Оценувањето на наставникот и учениците се совпаѓаше во целост.

No comments:

Post a Comment