Saturday, January 17, 2015

Примери на добра пракса

училиште Гоце Делчев -Неготино одделение шесто наставник м-р Павлинка Вељаноска наставна тема Слушање музика наставна единица ,,Радетски марш,, - Јохан Штраус наставни методи монолошки, дијалошки, дмонстративен наставни средства компјутери, учебник, ЦД со музика Тек на активностите Вовед: Часот започнува со разговор за престојните новогодишни празници. Се разговара за Новогодишниот концерт во Виена и за животот и делото на Јохан Штраус (помладиот и постариот). Се разговара за валцер и марш (се прави Вен дијаграм) Главен дел: Се даваат инструкции на учениците за работа со компјутери. Првата група бара информации за животот и делото на фамилијата Штраус. Изработуваат презантација . Втората група бара информации за создавање на делото, го уредуваат текстот и вметнуваат новогодишни мотиви Третата група изработуваат покана за концерт. Четвртата група изработуваат новогодишна е-честитка . Завршен дел: Учениците ги презентираат своите изработки Оценување Оценувањето се врши на два начини, оценување од наставникот преку аналитичка листа и меѓусебно оценување преку истата листа . Во листата се вметнати следните критериуми: - техничка изработка (уредување на текстот, вметнување на мотиви) - уметничка изработка (естетско уредување, идеја) - избор на информации - познавање на компјутери - брзина и умешност во работата Секој критериум се бодира со поени од 1 до 5. Се избира најдобра изработка Саморефлексија Учениците беа многу заинтересирани. Работеа со големо интересирање. Посебно обрнуваа внимание на изборот на информации, но и на естетскиот момент.Посебно беа заинтересирани во делот на меѓусебно оценување. Беа реални при оценување на изработките.

No comments:

Post a Comment