Saturday, January 17, 2015


Безначајни текстови и одвратни мелодии: со што ли турбофолкот ги пленува македонските тинејџери?

Некој некогаш рекол дека секоја музика е прекрасна. Но големиот Џорџ Бернард Шо го негирал со фразата: „Пеколот е полн со музичари аматери“. Ако за музиката треба да размислуваме како за универзално средство преку кое луѓето може да се разбираат на уникатен начин, тогаш сигурно дека таа е многу важен сегмент од нашето живеење.
А нашето македонско опкружување од година во година станува сè пострашно и пострашно во однос на тоа каква музика се пласира и што сè се популаризира. Во ред е да се огледуваме на другите народи и да прифаќаме од нив позитивно однесување, но не е потребно да ја преземаме одвратната фолк-култура.
Не ми е јасно кога стана модерно да се оди на турбофолк-концерти. Што кажува за еден човек фактот што е љубител на турбофолк-музика? За вкусови не треба да се дискутира, но треба да се дискутира за шундот.
Од една страна во нашата држава се стимулираат музичарите да создаваат македонска музика, со субвенциите за музичарите и тоа е во ред. Но од друга страна локалните татковци, градоначалниците низ земјава, финансираат концерти на странски турбофолк-ѕвезди. Истите овие ѕвезди не ја посетуваа толку често нашава земја кога беа во екот на славата, а сега ние сме им како земја каде што одат на печалба. Не се тие криви, некој ги поканил да пеат и не само тоа, туку и добро им платил за тој настап. За публиката да не коментираме. Тие ги дочекуваат со отворени раце и срца. Чуден е феноменот на тинејџери што се палат на песни од Цеца, Харис Џиновиќ, Жељко Самарџиќ, Лепа Брена и многу други. Каде ги слушнале овие песни, како ги научиле, каде се пласира ваква музика? Очигледно кај нас, во Македонија.
На годинешново издание на „Пивофест“ во Прилеп главни ѕвезди беа Емина Јаховиќ-Сандал, Жељко Самарџиќ и Јелена Розга. Публиката полуде по нив, а организаторите беа задоволни. Инаку колку за информација буџетот на „Пивофест“ е 150 илјади евра, а фестивалот го посетиле 100 илјади луѓе
(превземено од www.mkd,mk)

No comments:

Post a Comment