Saturday, January 17, 2015

30 ГОДИНИ ОСНОВНО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ
,,ВЛАДИМИР АРСОВСКИ,, -НЕГОТИНО



Првите податоци за музичкото живеење во Неготино датираат од постилинденскиот период, кога се формирале тајфи од гајдаџии кои свиреле на празници и други свечености во градот. Подоцна во триесетите години на минатиот век било забележано организирано друштво на музичари, кое го формирал д-р Радмило Ѓорѓевиќ, кој одлично свирел виолина. Друштвото со сочинувале 16 музичари, кои секоја вечер приредувале забава за граѓаните во чаршијата во центарот на градот. Од овој состав натаму се формираат уште многу други оркестри кои ја шират љубовта кон музицирањето на помладите генерации, неколку децении потоа. Така во основните училишта се формираат хорови, мандолински и хармоникашки оркестри, а набавени се и пијанина, мандолини и хармоники.


Училиштето низ годините

Гледајќи го развојот на музичката настава во соседните градови, се создава иницијатива за формирање на Основно музичко училиште. На 10 октомври 1979 година, Собранието на општина Неготино донесува одлука за основање на Основно музичко училиште кое е именувано по народниот херој од Втората светска војна, Владимир Арсовски. По неколку месечно обезбедување на услови за работа, односно изнаоѓање на простории и средства за набавка на инструменти и училишен инвентар, наставата започнува во учебната 1980/81. Наставата ја изведува еден наставник, Даница Михајловиќ, која е и директор на Училиштето. По неколку месечно работење, а поради големиот број на ученици, запишани во прва година, наставата по пијано се надополнува со уште еден наставник по пијано, Илија Ташев. Во текот на првите две учебни години се запишуваат и ученици кои учеле во ОМУ во Кавадарци. Најпрво Училиштето е сместено во подрумски простории во Основното училиште ,,Гоце Делчев,,. Наставата се одвива во една училница со две пијанина. Просторните услови се и најгорливиот проблем на Училиштето, затоа што неколку пати се менува локацијата, односно, по четири години во 1984 година се преселува во Основното училиште ,,Страшо Пинџур,, па во 1987 година во Детската градинка, за во 1990 година на училиштето му се отстапуваат просториите на СИЗ-от за образование кои овозможија подобри услови за работа , кои денес се повеќе се подобруваат.
Во текот на првите три години на работењето се одвива само настава по пијано, а потоа инструменталниот оддел во 1983 се надополнува со виолина, а 1990 со хармоника.
Мора посебно да се нагласи улогата на Даница Михајловиќ (1952-2009) за работата на Музичкото училиште. Нејзината иницијатива и упорност како основач на училиштето, дологодишен директор (1979- 2006), кој ги поминуваше сите препреки на кои наидуваше, добар педагог по пијано и солфеж, од чија класа излегоа добри ученици и раководител на училишниот хор, под чија палка се одржаа многу концерти.
                     

Ученици во Училиштето

Низ годините во училиштето поминаа многу ученици, а дел од нив го оформија своето основно музичко образование. И покрај активностите кои ги реализира наставниот кадар за задржување на првичниот број на запишани ученици, сепак осипувањето кај учениците е забележително. Најповеќе е изразено во прва и втора година. Во одредени генерации е повеќе изразено, 7-8 % на завршени ученици, а највисок процент на завршени ученици е 55%. Во следната табела е даден приказ на запишани ученици и колку од нив го завршиле образованието.


Табела бр.1 Број на запишани/завршени ученици
учебна година
запишани ученици
завршено
осн. муз. обр.
%
учебна година
запишани
ученици
завршено
осн. муз. обр.
%
1979/80 *
38
21
55%
1992/93
22
10
45%
1980/81
27
3
11%
1993/94
24
2
8%
1981/82
27
5
18%
1994/95
24
5
20%
1982/83
17
7
41%
1995/96
52
4
8%
1983/84
12
4
33%
1996/97
42
4
10%
1984/85
26
7
27%
1997/98
38
3
8%
1985/86
24
3
12%
1998/99
47
4
9%
1986/87
27
5
18%
1999/00
35
13
37%
1987/88
22
4
18%
2000/01
17
3
18%
1988/89
30
8
27%
2001/02
24
2
8%
1989/90
23
5
22%
2002/03
19
7
36%
1990/91
23
2
9%
2003/04
37
7
19%
1991/92
15
1
7%
Вкупно
692
139
20%

  • завршена прва година во ОМУ во Кавадарци


Во текот на работењето на Училиштето учениците учествуваа на многу натпревари и настапи. Посебно се истакнуваат настапите на Марија Ѓошевска, која во текот на школувањето освојува и повеќе награди. Забележителен е и настапот на хорот на училиштето во Загреб, во ,,Ватрослав Лисински,, каде на натпревар со композиции компонирани од учениците, со композицијата ,,Татковина моја,, на ученичката Богданка Гогова, хорот освојува прва награда.
За сите години, традиционално хорот одржува Новогодишен концерт, а на крајот на учебната година се одржува концерт на инструменталните оддели. Ансамблите од училиштето учествуваат на сите културни настани во градот.
            Забележителен број на ученици (околу 12%) го продолжија своето музичко образование. Во следната табела е даден приказ на учениците кои завршија високо музичко образование:




Табела бр.2  Ученици кои завршиле високо музичко образование
име и презиме
средно муз. обр.
високо муз. обр.
постд. cтудии
вработување
Гордана Николова
Скопје –МТП
Скопје ФМУ- МТП
/
ОМУ- Тетово
Камелија Стојменовска
Скопје-пијано
Скопје ФМУ-МТП
/
приватен бизнис
Сузана Бунарова
Скопје-соло пеење
Белград – соло пеење
Софија – соло пеење
слободен уметник-Германија
Павлинка Станкова
Штип –виолина
Скопје- ФМУ-МТП
Скопје–методика на муз.наст
ООУ,,Гоце Делчев,, -Неготино
Јасмина Цилева
Штип –виолина
Скопје –ФМУ-МТП
/
Живее во Германија
Драги Станков
Штип –пијано
Скопје- ФМУпијано
/
директор на ОМУ-Неготино
Даниела Паланкова
Штип –пијано
Скопје –ФМУ-МТП
/
ОМУ – Кавадарци
Спасе Ристовски
Штип –МТП
Скопје –ФМУ-МТП
/
живее во САД
Марија Ѓошевска
Скопје-пијано
Скопје –ФМУпијано
Скопје –пијано / докторат
ФМУ-Скопје
Александра Димитриевска
Битола –виолина
СкопјеФМУвиолина
Скопје – виолина
Опера и балет при МНТ
Влатко Иванов
Штип – саксофон
СкопјеФМУ саксофон
Скопје- саксофон
ОМУ- Неготино
Илија Јанчев
Скопје –виолина
СкопјеФМУвиолина
/
невработен
Емилија Кабранова
Скопје –пијано
Скопје –ФМУ пијано
/
ОМУ-Неготино
Марија Мишева
Скопје –пијано
Скопје – ФМУ МТП
/
невработена
Јованка Житарова
Скопје соло пеење
СкопјеФМУ соло пеење
/
живее во САД
Гордана Тренчева
Скопје –пијано
Скопје ФМУ МТП
Скопје –корепетиција
СМУ –Штип


Покрај учениците кои музиката ја избрале за своја професија, направивме анализа со која утврдивме дека околу 92% од учениците кои учеле во првите 15 години во Училиштето, завршиле високо образование во друга област, но секако се љубители на музиката . Со тоа се постигнати основните цели во работата на училиштето:
-                            ширење на музичката култура во локалната средина преку организирање на културни настани;
-                            основно музичко образование на учениците;
-                            насоки за натамошно музичко образование.


Училиштето денес

Училиштето денес, во 21 век, ги следи модерните текови во педагогијата и начинот на функционирање, но потпирајќи се на традицијата. Се организираат голем број на активности за запишување на поголем број на ученици (концерти во училиштата, отворен ден за децата од градинките..), како и мотивирање на учениците за завршување на основното музичко образование (вклучување на родителите во образовниот процес, концерти од наставниците, снимање на учениците во студио, гостувања на МТВ..). Моменталниот број на ученици е прикажан во следната табела:

Табела бр.3 Број на ученици
Одделение
година на запишување
запишани во подготв.  год.
Моментален број на ученици
Подготвителна
2010/11
10
25
I
2009/10
27
26
II
2008/09
54
21
III
2007/08
30
9
IV
2006/07
23
14
V
2005/06
14
12
VI
2004/03
32
6
                                                                          Вкупно
113

Наставниот кадар кој работи во училиштето е следниот:
Драги Станков - директор (2006-) и наставник по пијано
Лина Димова – наставник по хармоника и солфеж
Менча Богоевска – наставник по виолина
Влатко Иванов -  наставник по пијано
Во училиштето има 5 кабинети и една помошна просторија. Задоволува и состојбата со инструменти:  4 пијанина, 1 клавинова, 1 полуконцертно пијано (подарок од ФМУ – Скопје, 1995), 24 виолини, 3 хармоники.
Во поново време со помош на МОН , Општина Неготино и донатори, се извршени неколку инфраструктурни зафати кои битно ги подобрија условите за работа (обновување на под, парно,  замена на кров, прозорци, фасада, санација на санитарни јазли, нови клупи и столчиња, доградба на просторија).
За изработка на развојно планирање за наредниот период беше изготвена СВОТ анализа која ги даде насоките за натамошните активности. Беа извоени следните приоритети:
-                            изградба на концертна сала
-                            опремување на музичко студио
-                            обука на наставниците за осовременување на наставата
-                            збогатување на нагледни средства и литература
-                            збогатување на програмата со вон наставни активности кои ќе ја зголемат мотивацијата кај учениците
-                            создавање услови за отварање на нови оддели

И додека се работи на проекти, за остварување на предвидените цели, Училиштето продолжува да ја негува традицијата, гледајќи кон иднината, кон нови успеси и настапи и ширење на музичката култура меѓу младата популација и локалната средина.


No comments:

Post a Comment