Saturday, January 17, 2015

ФОРМАТИВНОТО ОЦЕНУВАЊЕ ВО НАСТАВНИОТ ПРОЦЕС ПО ПРЕДМЕТОТ МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ПРЕДМЕТНА НАСТАВА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА

Целта на овој труд е да прикаже пример од наставната практика за интегрирање и спроведување на методите на формативно оценување и методите за учење, кај учениците од предметна настава во основните училишта. Имено, покрај основните информации за формативното оценување, прикажани се активностите при спроведувањето на проектот ,,Временска машина,, каде учениците истражуваат за животот делото на В.А.Моцарт. При реализацијата на овој проект учениците покрај што ги усвојуваат основните знаења предвидени со наставната програма, преку ефективни методи и техники на формативно оценување и методи на учење ги прошируваат своите знаења (повисоки нивоа на знаење- синтеза анализа, евалуација), а според своите афинитети, активно се вклучуваат во реализација во неколку сегменти на истражување, со што се прави и корелација со другите наставни предмети (ликовно образование, математика, животни вештини, македонски јазик, англиски јазик, историја). Исто така во трудот е наведена конкретната употреба на повеќето методи на формативно оценување и на методи на учење.
 Како краен продукт е проектот, во кој покрај индивидуалниот пристап на секој ученик, во преден план доаѓа и тимската работа која е дел од начелта на наставата на 21 век.

Како заклучок се наведени постигнатите резултати поврзани со наставните цели и препораки за идна работа.

No comments:

Post a Comment