Sunday, February 21, 2016

Пример за меѓусебно оценување и самооценување Наставен предмет : Музичко обазование Тек на активностите: Активностите се изведени на час планиран за утврдување на теоретскиот материјал од прво полугодие. • Секој ученик има задача да состави 10 прашања (задачи) од изучениот материјал со што го покажува своето познавање на материјалот, креативност при создавањето на прашањата, сеопфатност на материјалот, разноликост на прашањата. Ученикот , односно авторот на тестот, го потпишува тестот со прашањата. По случаен избор се разменуваат тестовите со прашања. • Секој ученик, во исто време добива тест, составен од некое другарче. Ги одговара поставените прашања, проценува колку се добро осмислени прашањата и ги оценува прашањата според свои критериуми. На нелогични прашања одговара со нелогични одговори . Тестот се враќа кај ,,авторот,,. • Авторот го оценува тестот според свој критериум. • Авторот на тестот и решавачот даваат образложение ( прашања, критериуми, оцена ..... ) • Наставникот дава усна повратна информација кон авторот на тестот и решавачот • Секој ученик има двојна улога : автор на тестот и решавач

No comments:

Post a Comment